23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Светската криза стана видлива и за кадрите на Данела Арсовска – ЈСП наместо да им даде на граѓаните бесплатен превоз, сега моли за помош од Владата

Дали бесплатниот јавен превоз пропаѓа како ветување, а беше најавуван како проект од страна на некогашната почесна конзулка на државата под раководство на Виктор Орбан, Данела Арсовска. Ваквата најава за бесплатен превоз во Скопје од многумина беше оценет како научна фантастика, со кој кандидатката на опозицијата успеа да го урне про-европскиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

Откако пред два дена се зголеми цената на метанот од 50 на 110 денари, ЈСП „Скопје“ побара помош од Владата, во спротивно ќе го редуцира возниот ред, односно автобусите ќе сообраќаат само по зимски возен ред.

Сепак, директорот на ЈСП „Скопје“, Иван Илиевски тврди дека цената на билетот за превоз во автобусите нема да се зголеми.

– Овој ценовен шок дополнително ќе има негативно влијание за и онака нашата лоша финансиска состојба, па од тие причини, автоматски сме принудени да размислуваме какви мерки да преземеме, а тие да не се одразат лошо на квалитетот на јавниот превоз, односно на услугите кои ЈСП Скопје ги нуди на скопјани. Затоа и бараме помош од централната власт. Ќе го следиме развојот на настаните и во зависност од исходот ќе делуваме. Крајна опција, во случај да не ја добиеме бараната помош е редуцирање на возниот ред. Во меѓувреме, можеби ќе побараме и дополнителни наменски субвенции од Град Скопје, односно од Советот кои и досега имаа разбирање за нашата состојба и бескрајно сум им благодарен за целата соработка и поддршка – рече Илиевски.

Тој посочи дека на метан возат 33 нови автобуси на МАН, за кои минатата година горивото чинело околу еден милион евра, а со новата цена ќе требаат два милиона.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ, која беше главен поддржувач на Данела Арсовска, со денови ја обвинува владата за серијата поскапувања на енергенсите, особено за струјата која поскапи за само 9,8 проценти, без да спомне дека цените на струјата на светските берзи поскапеле многукратно во споредба со лани, а истата во некои држави поскапи и до 100 насто.