23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Владата избори минималено покачување на струјата и обезбеди помали сметки за најпогодените граѓани

Северна Македонија има споредбено ниско покачување на цената на електричната енергија од само 9,48 отсто во Новата година, благодарение на заложбите на Владата. Колку за споредба, граѓаните на Турција во Новата година влегоа со ценовен шок и покачувања од 50 до 125 отсто на цените на електричната енергија.

Освен тоа, Владата грижејќи се и ова покачување да не предизвика криза во функционирањето на домаќинствата, обезбеди финансиска помош за најранливите категории на граѓани со ниски примаања. Тие ќе добијат намалувања на сметките за електрична енергија во износ од 600 до 800 денари, во зависност од големината на домаќинството.

Со оваа мерка, Владата ќе помогне на околу 7500 домаќинства во следните 12 месеци, со цел полесно изборување со енергетската криза која ја зафати цела Европа.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа, за самец до минимална плата, за домаќинство со два члена до 18.000 денари, за домаќинство до три члена до 21.000 денари, за домаќинство со четири члена до 25.000 денари и за домаќинство со пет члена или пак повеќе члена до 30.000 денари.

Оваа мерка ќе помогне за ублажување на трошоците во семејствата, иако благодарение на брзата реакција и мобилизирањето на домашните капацитети за производство на електрична енергија, земјава е со минимално покачување.

За да се избегнат ценовни, шокови, но и можни рестрикции во снабдувањето со струја, Владата ги активираше сите домашни капацитети за производство на електрична енергија.

По цели 12 години со работа почна ТЕЦ Неготино на 18 декември. Во моментов оваа електрана работи со половина капацитет, со цел прилагодување и стабилизирање на системот, додека кон средината на месецов се очекува да се клучи и вториот котел.

Освен тоа, ќе се активира и третиот котел во РЕК Битола, а во функција е и ТЕЦ Осломеј со што ќе се обезбеди потребното количество на електрична енергија од домашните производствени капацитети.

Како што најави генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза без рестрикции, вложувајќи напори да се избегнат ситуациите кои веќе се случуваат во околните земји во однос на снабдувањето со електрична енергија.