Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТОП ВЕСТИ

Утрово најстудено во Битола и Берово, денеска сончево со мала облачност и температури до 17 степени

-3 степени утрово биле измерени во Битола и Берово, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Демир Капија, -1 степен во Куманово и Дебар, 0 степени во Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Крива Паланка, Гевгелија, Охрид, Претор и Лазарополе, 1 степен во Маврови Анови, 2 во Дојран, 3 Виница, Крушево, 5 степени на Попова Шапка.

На Попова Шапка има 27 сантиметри снег а 9 сантиметри на Маврови Анови.

Утрово, според УХМР, во поголем дел од земјава е сончево со мала облачност, но по одделни котлини има појава на магла.

Денeска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температура ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК

Андоновски: Политиките за иновации ги преточивме од закони во пракса

ДЕСК