Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Најмладиот има само 14 години: За новогодишната ноќ во Токсикологија примени 17 пациенти

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години.

10 пациенти биле машки, а седум женски лица.

Во пресрет на празниците од Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија упатија апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата.

Инаку воглавно новогодишната ноќ мина мирно и без поголеми проблеми.