Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Растат стравот и нервозата во ВМРО-ДПМНЕ од претседателот Ковачевски

Во СДСМ оценуваат дека нервозата и стравот во ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, се повеќе растат.

Лагите, велат од таму, се нивна единствена стратегија. Од Белата палата, како што потенцираат од СДСМ, секојдневно конструираат измислици за неосновано да го напаѓаат Ковачевски, со очајни лаги за неговото образование.

Тоа според оценките на СДСМ е очекувано за една партија како ВМРО-ДПМНЕ, за која како што нагласуваат е нереформирана, во која ништо не се менува и која нема никаква понуда за граѓаните.

За разлика од квалтетното образование на Ковачевски, додаваат од СДСМ, единственото стручно усовршување Христијан Мицкоски го имал кај својот татко, каде што бил асистент.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +