Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен скопјанец кој уценувал девојка

Денеска (23.12.2021) во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа А.Е. (24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена.

Имено, А.Е. побарал 3000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии. Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје. Веднаш откако ги земал парите, А.Е. е лишен од слобода,а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК