Наум Стоилкоски, Димче Арсовски, Јелена Жугиќ и Марија Митева истакнатите портпароли на ВМРО-ДПМНЕ се главни кандидати на “независната” Данрла Ардовска за членови на Управни одбори во јавните претпријатија.
Цела предизборна кампања сегашната градоначслничка потенцираше дека не е дел од ВМРО-ДПМНЕ, но сега вистината излегува на виделина.
Не застана кај директорите па почна да ги полни и управните одбори со докажани кадри уште од времето на Никола Груевски, па така довчерашниот портпарол Наум Стоилкоски за макотрпната работа и снимање селфи видеа по улици, ќе биде назначен како нов член на Управниот одбор на ЈСП. Поранешната советничка во Град Скопје, Јелена Жугиќ станува претседател на УО на МКЦ, а Димче Арсовски кој секојдневно на прес конференции зборува за партизирани институции и критики преку ноќ ќе биде избран за нов член на УО на јавното претпријатие за Водовод и Канализација, а за член на УО во иатото претпријатие е планирана Марија Митева третиот портпарол на ВМРОДПМНЕ.
Арсовска на 8 ноември ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје и речиси цел месец се криеше од јавноста, а потоа во стилот на ВМРО-ДПМНЕ наместо транспарентност пред граѓаните организира затворени брифинзи за новинарите и се обраќа само преку пораки на Фејсбук.
Но јавноста не е слепа иако вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе воведе бесплатен јавен превози и промени во линискиот ред на градскиот сообраќај, таа рече дека ова е неизводливо и ќе се стартува за две години, дури го откажува проектот и за БРТ.
Таа се обврза на реализација овие проекти во првите 82 дена од нејзиниот мандат, но излегува дека единствено се обврзала да ги смести кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, а не да работи за доброто на граѓаните.
Арсовска на локалните избори настапи како независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и освои околу 28.000 гласови повеќе од претходниот градоначалник Шилегов.