Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сашо Мијалков излегува од притвор

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, излегува од притвор откако судот ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра.

Тој ќе биде пуштен на слобода откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евра. Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата во имот.

Мијалков ќе излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција. За да се спречи бегство, судиите му определиле мерки на претпазливост, со коишто ќе му биде одземен пасошот и има обврска да се јавува во судот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК