Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Околу 50 грама кокаин пронајдени кај струмичанец, судот му определи притвор

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лице (68) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

На 02.04.2026 во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица при преглед на Б.П. и патничко возило со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пакувања со околу 50 грама кокаин. Лицето беше задржано во полициската станица Струмица, а по предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Б.П. е изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Приведен жител на Старо Нагоричане: Усмртил куче во својот кокошарник

ДЕСК

Апсења на различни локации низ Скопје

ДЕСК

“Паднаа” двајца полицајци на интервентна – натепале уапсен, повреден е

ДЕСК