Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Со негласањето за недела неработен ден, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците, обвини СДСМ

Со негласањето за недела неработен ден, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците, велат од СДСМ.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа за измените и дополнувањата за Законот за работни односи со кое недела станува ден за одмор за 92 отсто од сите работници, а останатите осум отсто да добиваат повисоки дневници за ден недела.

Со негласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците.

По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ниту се грижи за граѓаните, ниту за работниците, дека за нив најважен е личниот и партискиот интерес.

Парламентарното мнозинство предводена од СДСМ и покрај опструкциите го донесе законот и останува партнер на работниците, продолжува со носење на реформи кои ги унапредуваат работничките права и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата се продава за над 110 долари

ДЕСК

ПОЧНА! Ограничување на литража при купување на гориво во бензински во Словенија

ДЕСК

Вечерва нов драстичен раст на цените на нафтата

ДЕСК