Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Шахпаска-Григоријан: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со новоименуваниот постојан претставник на УНДП во Република Северна Македонија, г. Армен Григорјан.

Министерката Шахпаска му посака добредојде и успешна работа на новиот постојан претставник на УНДП и изрази уверување дека одличната соработка со УНДП ќе продолжи и понатаму. Таа се осврна на досегашните заеднички проекти и постигнати цели, како и на она на кое што треба да се работи периодот кој следува.

„УНДП е наш партнер и голем поддржувач во реализација на политиките од областа на социјалната и детска заштита, како и во сферата на трудот. Изминатиов период заедно работевме на решавање на многу прашања и предизвици со кои како општество се соочуваме, со фокус на ранливите категории на граѓани. Заедно, работиме на Оперативниот план за активни мерки и програми, кој нуди можности преку разни обуки, стекнување на вештини, преквалификации и доквалификации да им се помогне на граѓаните да станат конкурентни на пазарот на труд,“ рече министерката Шахпаска.

Во смисла на заеднички проекти со УНДП, министерката ги посочи и отворањето на РЕХА центарот за поддршка на лицата со попреченост кој е вистински пример како општествената заедница на локално ниво прави децентрализација на локалните услуги и креира политики за овозможување на лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на трудот. Како и Младинскиот ресурсен центар во Гостивар кој служи како младински хаб за целиот полошки регион и нуди широк спектар на сервиси поврзани со младите и работодавачите.

Постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија, г. Армен Григорјан изрази подготвеност за продолжување на досегашната соработка на заедничките проекти и програми кои ги адресираат потребите и претставуваат решение на предизвиците со кои се соочуваат ранливите категории на граѓани. Затоа што, како што истакна тој, тоа не е прашање на поединеци, туку прашање кое не засега сите и затоа е неопходна заедничка, меѓуинституционална соработка, како и соработка со невладиниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК