Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Од срце им ја честитам државната награда за човекови права „Мето Јовановски“ на хероите на демократија Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски

Од срце им ја честитам државната награда за човекови права „Мето Јовановски“ на хероите на демократија Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Нивната храброст и нивните вредности осојузени со политичкото и граѓанското мнозинство беа силен удар врз недемократските окови на режимот и го започнаа патот кон ослободувањето на нашето општество.

Оваа нивна жртва ги поставува високо на пиедесталот моралот и одговорноста коишто еден граѓанин може да ги покаже.

Не би можел да замислам посоодветен и позаслужен избор на луѓе за оваа награда.

Ви се поклонувам, вие сте гордоста на нашето општество!

Со ова највисоко признание за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, денеска во Собранието на Република Северна Македонија беше одбележан Денот на човековите права.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК