Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Шахпаска најави дека од 1.јануари недела ќе биде неработен ден – очекува пратениците да го поддржат законот

Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, каде Предлог законот за работните односи помина во второ читање.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нагласи дека законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Таа очекува пратениците да го поддржат ова законско решение и на пленарна седница, бидејќи законот е во интерес на 92 проценти од работниците во Република Северна Македонија.

„Со ова решение ги штитиме правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела”, рече министерката Шахпаска.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +