Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одвојувањето на Македонија и Албанија би требало да открие други кочничари, вели бугарски дипломат

Правилен е ставот на Бугарија за одвојување на Северна Македонија и Албанија бидејќи така ќе се види дека и Тирана има проблеми, а Софија не е основната пречка за двете земји, вели бугарскиот дипломат и експерт по меѓународни односи, Милен Керемедчиев.

Керемедчиев во интервју за „Радио Фокус“ вели дека колку побрзо се формира владата и Бугарија добие навистина репрезентативен министер за надворешни работи, се надева дека толку побрзо ќе се вратат на преговарачката маса со силни позиции и со јасна перспектива.

„Сметам дека е правилен последниот став на Бугарија за разделување на Албанија и Република Северна Македонија, бидејќи така ќе се види дека и Албанија всушност има проблеми за започнување на преговорите за членство, кои произлегуваат од други западноевропски држави, како Холандија и Франција, кои имаат стравови од брз прием на Албанија во ЕУ. Така повеќе ќе се види и дека Бугарија не е основната сопка и пречка за членство на двете држави во ЕУ“, вели Керемедчиев.

Тој смета дека двете земји се различни во својата подготвеност и дека е логично да бидат одвоени во процесот, но не верува дека тоа ќе се случи, бидејќи политиката на ЕУ е да ги поврзува кандидатите и да бидат примани заедно. Потсетува дека таков бил случајот и со Бугарија и Романија, иако двете земји меѓусебно постојано се обвинувале дека едната ја кочи другата.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК