16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

166 сообраќајни прекршоци во Скопје, 32 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 прекршоци што ги чинат пешаците, 36 за непрописно паркирање.

Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

209 сообраќајни прекршоци во Скопје

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T

164 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

M T

111 санкции за брзо возење

M T