Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Членовите кои поседуваат членска картичка на СДСМ ќе може да гласаат на вонредните внатрепартиски избори

Централната изборна комисија, задолжена за спроведување на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, коишто ќе се одржат в недела, на 12 декември, информира дека согласно Правилникот за постапката и роковникот активно се регистрирани 51.228 членови на СДСМ а пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови.

Од овие причини, имајќи го предвид краткиот временски рок за активна регистрација, но и интересот на членовите на СДСМ, Централната изборна комисија донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да може да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиските избори.

Гласањето на вонредните избори на 12 декември ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08.00 часот наутро, се до 19.00 часот попланде.

Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја подигна внатрепартиската демократија на највисоко ниво, членовите избираат претседател на непосредни избори со тајно гласање, со што се поставува нов стандард на македонската политичка сцена.

Можеби ќе ве интересира

„Чебрен“, „Галиште“ и нови ветерни паркови ќе ја зајакнат независноста на државата, вели премиерот Мицкоски

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК