13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прегазени двајца пешаци во Тетово и Битола

Двајца пешаци биле прегазени од возила во Тетово и во Битола.

Според информациите од дневниот билтен на МВР и двата настани се случиле во текот на вчерашниот ден, а пешаците се здобиле со тешки телесни повреди.

„На 09.12.2021 во 17.50 часот во СВР Тетово било пријавено на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Групчин, патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(69) од тетовска Палатица, удрило во пешакот М.С.(71). Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

На 09.12.2021 во 12.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Арон Ароести“ и ул.„8 Септември“ во Битола, товарно возило „пежо експерт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(35) од Битола удрило во пешак Д.Д.(66) од Битола. Во несреќата, Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола“, информираат од МВР.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

238 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

M T

87 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

M T

230 санкционирани пешаци, најмногу за небезбедно преминување на улица

M T

166 санкционирани возачи во Скопје, 52 пешаци

M T

Повредени двајца пешаци откако „матиз“ удрил во нив на раскрсница во Штип

M T

174 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

M T