Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

148 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (02.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 148 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

62 ЗАГИНАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ОСУМ МЕСЕЦИ – Денес се одбележува Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи

ДЕСК

НОВИ 30.000 ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ПРИСТИГНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА – Надлежните со апел до граѓаните

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

ДЕСК