Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Денеска нова средба Заев – Гаши

Денеска според последните најави во 14 часот, во Клубот на пратеници, се очекува повторно да се сретнат премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која ќе се договараат детали за можен влез на партијата во Владата и за обнова и зголемување на парламентарното мнозинство на оваа власт.

Од Алтернатива вчера ги демантираа написите во некои медиуми дека Гаши од Заев барал три министерски и едно вицепремиерско место.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши имаше средба со премиерот Зоран Заев на 19 ноември.

Во кусото владино соопштение издадено по средбата беше кажано дека начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек. Тогаш беше најавено и дека по консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.

На досегашните две средби Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, а лидерот на Алтернатива Гаши од партискиот генерален секретар Беким Сали.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК