17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Мора да се насочиме кон два предизвика, пандемијата и енергетската криза

Ги видов коментарите на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, тој се однесува како портпарол на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги промовираат оставените проекти на градоначалниците од СДСМ и коалицијата тоа и не е така лошо бидејќи се гледа дека се работело, вели во Утрински Брифинг, Димитар Ковачевски кој е кандидат за наследник на Зоран Заев.

-Во однос на коментарите кои Мицкоски ги дава можам да кажам дека сум човек со високо ниво на интегритет, со 25 годишна професионална академска кариера и скоро 30 години работа во СДСМ.Јас и во првата изјава истакнав дека имам почит кон претседателот на СДСМ, Зоран Заев од причини поради кои тој ги донесе најтешките одлуки за државата ние сме денес членка на НАТО и на чекор на преговри кон ЕУ, вели Ковачевски.

Во однос на кандидатурата тој вели дека неговата цел ќе биде обединување на СДСМ и симпатизерите и тоа пред се поради резултатите на локалните избори.

-Во однос на кандидатурата ја подговтувам и ќе ја поднесам, клучна порака е обедување на членовите и симпатизерите, поуката се локалните избори каде СДСМ имаше загуба на гласови што се должи на неколку причини, СДСМ воведе подемократско владеење и тоа предизвика да има многу независни листи кои биле во сојуз со СДСМ, потоа несогласувања во партија, и членови кои сметаа да се почитува гласот на пчленовите и тоа што го кажале да се применува, додава тој.

Ковачевски појаснува дека владата предводена од СДСМ воведе концепт едно општество за сите.

– Ние веќе немаме меѓуетнички конфикти, но мора да се насочиме кон унапредување на стандардот и економијата, а секако имаме два предизвика а тоа се пандемијата и енергетската криза која е низ цела Европа и мора да се активираат сите ресурси и експерти за да излеземе од кризата, вели тој.