Те сакам. Едноставна и кратка реченица, но толку моќна.
Не можеме сите лесно да ја изговориме, но сите сакаме да ја слушнеме.
Во продолжение проверете на кои хороскопски знаци им е тешко да ја изговорат.
1. БЛИЗНАЦИ
На овој знак му треба долго време за да се препушти на нова врска, а особено отворено и невоздржано да ги изрази своите чувства. Тие се многу љубопитни и често се препуштаат на размислување дали има некој подобар за нив и затоа им е потешко да влезат во сериозни врски. Близнаците велат „те сакам“ дури кога ќе сфатат колку навистина им значи таа личност и дека се целосно посветени на нив.
2. ДЕВИЦА
Припадниците на овој знак носат вродена потреба се да биде совршено, вклучително и врската. Девиците се перфекционисти и постојано ги преиспитуваат своите чувства. Доколку почувствуваат дека нешто не е во ред во љубовната врска, ќе се воздржат од изјавување љубов додека сè не биде како што мислат дека треба да биде.
3. СКОРПИЈА
Скорпиите не сакаат промени и претпочитаат долги врски. За нив правило е да останат со партнерот и во добро и во лошо. Сепак, иако се посветени на љубовта од самиот почеток, ќе кажат „те сакам“ само кога ќе бидат 100 проценти сигурни дека врската е сериозна и силна, бидејќи не сакаат да покажат ранливост или да бидат повредени пред време. .