Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси во дојранско, приведени тројца криминалци

На 25.11.2021 во 06.10 и 08.10 часот во Стар и Нов Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија – Полициско одделение Нов Дојран ги лишиле од слобода Д.Р.(43) и Е.И.(27), двајцата од Стар Дојран и Т.А.(56) од Нов Дојран.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Имено, при претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачјето на општина Дојран.

Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени на подрачје на општина Дојран.

Додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +