9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Зајакнување на имунитетот: Овие 5 намирници треба да ги јадете до пролет

Кога доаѓаат постудени денови, на телото му треба повеќе од оние намирници кои содржат витамини, особено витаминот Ц, кој е клучен за борба против вирусите и бактериите.

Особено е важно што внесуваме од храната во организмот во есенскиот и зимскиот дел од годината кога кожата ни е сува, но и кога има малку свежо овошје и зеленчук кои можат да ги задоволат дневните потреби на нашиот организам за витамини.

Кога станува збор за овие витамини, растенија и слично, само да повториме – ништо од ова никогаш не е лек, не лечи, може да биде „лековито“, како што вели народната медицина, односно „тврдат дека помагаат во борбата против болести“.

Нутриционистите препорачуваат во периодот од ноември до април во исхраната да се вклучат пет намирници. Пожелно е да ги имаме на менито речиси секој ден во овие месеци.

1. Цвекло

Овој зеленчук треба да биде задолжителен дел од исхраната во доцните есенски и зимски месеци. Освен што може да се најде свежо во овој период од годината, па е „злато вреден“ извор на витамини и минерали, цвеклото чиј корен се користи во исхраната е вистински подарок за овој период од годината поради нутритивните вредности со кои изобилува.

Богат е со витамин Ц, бета-каротен, калциум, железо и магнезиум.

2 јајца

Јајцата се извор на витамините Б2, Б12, А и Е, железо, цинк, но и фосфор. Освен тоа, жолчките се ризница на калциум и железо и кога се консумираат задоволуваат речиси 90 отсто од дневната потреба на организмот за овие минерали.

Јајцето содржи и девет аминокиселини, кои се многу важни за нашето тело. Јајцата треба често да се јадат, особено во постудените периоди од годината. Покрај тоа, нутриционистите ги препорачуваат во рестриктивни диети, кога сакате да ги изгубите вишокот килограми.

3. Моркови

Може да се најде свежи и во зима. Одамна е познато дека сее одлични за видот, а воедно и вистински благодет за кожата кога деновите се студени и ветровити.

Морковите содржат големо количество бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А. Овој витамин го зајакнува имунолошкиот систем, а има фантастично дејство и на кожата, правејќи ја мазна и сјајна.

4. Портокал

Ова медитеранско овошје му е најпотребно на организмот во текот на есента и зимата. Покрај тоа што е полн со витамин Ц, кој е клучен за заштита од вируси и борба против настинки, портокалите се богати и со антиоксиданси, но и со колаген кој во зима ја штити и регенерира кожата.

Покрај тоа, тие се нискокалорично овошје, па ќе ви помогнат да ја одржите добрата линија во текот на зимата. Одлучете се за свеж портокал наместо исцеден сок, поради количината на влакна во овошјето, која е отстранета од сокот.

5. Бадеми

Оваа храна е еден од најголемите пријатели на нашето тело во текот на целата година, особено кога доаѓаат студените сезони. Кога би биле свесни за нивните благодети, секој ден би вовеле по некој бадем во исхраната.

Тие содржат антиоксиданси, богати се со протеини, магнезиум, влакна, витамин Б, калциум, калиум, фосфор, цинк, железо и здрави масти.

Бадемите ќе бидат од голема корист за стабилизирање на шеќерот во крвта и позитивно ќе делуваат на целокупното здравје на организмот.

Дополнително, бадемите се одлични за топење сало на стомакот, па ако имате проблеми со вишокот килограми, вклучете грст сирови бадеми во вашата секојдневна исхрана – по само две недели ќе видите резултати.

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Оваа НАМИРНИЦА ја јадеме за подобар имунитет, а предизвикува ГОЛЕМА непријатност: Може да му наштети на организмот, особено на оваа група луѓе

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T

Ова е список на 9те намирници кои многумина од нас ги јадат, а се многу опасни по нашето здравје

M T