Centar.mk
БИЗНИС

Јапонскиот “Мицубиши” заинтересиран да учествува во изградба на гасна електрана во РЕК Битола

Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети „АД ЕСМ“ и Подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола.

На средбите со Управниот одбор на „АД ЕСМ“ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Северна Македонија, односно реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Согласно податоците што ги сподели делегацијата на „Мицубиши“, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија.

Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на „Мицубиши“ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година, соопштија од „АД ЕСМ“.

Делегацијата на „Мицубиши“ оствари средба и со преставници на Владата на Република Северна Македонија од каде била изразена подготвеност заедно со „АД ЕСМ“ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ ОД ПРЕМИЕРОТ: Државата ќе дели 20 проценти попуст за купување на нов стан за млади млади брачни парови

ДЕСК

НОВА КУРСНА ЛИСТА ЗА ПОНЕДЕЛНИК – Еве колку денари вредат еврото, доларот и швајцарскиот франк

ДЕСК

ДИПЛОМАТА ВЕЌЕ НЕ Е ДОВОЛНА ЗА РАБОТА – Европските компании сè повеќе ги оценуваат вистинските вештини

ДЕСК