Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Герасимовски: Отвораме три нови пензионерски клубови – ги реализираме изборните ветувања

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, утринава во својот кабинет се сретна со претседателот на Здружението на пензионери на општина Центар, Спиро Николовски, и со секретарот на здружението, Трајко Трајановски.

Здружението на пензионери на Општина Центар со над 10.000 членови е едно од најбројните здруженија на пензионери на ниво на државата и воедно, едно од најактивните.

На средбата со претставниците од Здружението на пензионери се разговараше за моменталната состојба на општинските политики и активности за повозрасните сограѓани, но и за наредните проекти и планови за уште поинтензивна соработка.

„Како и досега, добрата соработка со Здружението со пензионери на општина Центар ќе продолжи и во иднина. За таа цел, како што најавив и во кампањата, во план ни е отворање на три нови пензионерски клубови за дружење и рекреација, и тоа во Капиштец, Крњево и близу до Универзалната сала. Веќе на пролет општината ќе помогне и при организација на пензионерски турнири во шах, пикадо, стрелаштво и други активности важни за нашите повозрасни сограѓани. Ќе го поддржиме организирањето и на традиционалното новогодишно дружење со пензионерите, нормално, доколку тоа го дозволи состојбата со Ковид-19“, изјави на средбата градоначалникот Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК