Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно и магливо, утрински температури околу нулата – Метеоцентар со детална прогноза

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со променлива облачност преку денот, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринските температури до недела на повеќе места ќе бидат околу нула. Од понеделник во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Прогноза за 14.11.2021
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 15.11.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претежно облачно, во крајните западни делови со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Прогноза за 16.11.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ги прими австриските амбасадори од регионот на ЈИЕ

ДЕСК

Николоски: Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани. Инвестираме 5,5 милиони евра само во инфрастрктурата, подобрувањето на животот во Кочани е приоритет за Владата

ДЕСК