Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

ВИДЕО: Функционери на ВМРО ДПМНЕ шират лажна вест дека е киднапиран, се огласи Кастриот Реџепи: Билал Касами и другите,  да не се грижат за мене

Видеото кое го објави Кастриот Реџепи кој денес застана зад про-европските сили во Македонија:

Ви благодарам на сите за поддршката.

Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се.

Билал Касами и другите,  да не се грижат за мене.

Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.

Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои индивидуи, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите.

До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија.

Реџепи денеска не ги удовили опозициските структури да ја урнат владата на Заев. На иницијативата за уривање на владата на Заев беа и лица кои се против НАТО, ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +