Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Реџепи е здрав и жив, тврди дека не му се заканува власта, туку неколку индивидуи – Јас сум на вистинската страна, порача тој

Ви благодарам на сите за поддршката, порача Кастриот Реџепи, пратеникот кој денес не ја поддржа иницијативата на опозицијата за отповикување на власта.

– Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се. Билал Касами и другите, да не се грижат за мене. Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.

Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои индивидуи, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите.

До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија, порача Реџепи.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК