5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Пратеникот Јаулески не живее во станот каде што се вршел претрес, лагата на ВМРО-ДПМНЕ значи заштита на криминал

ВМРО-ДПМНЕ уште рано утрово пласираат невистини, оркестрирано ја лажат јавноста во врска со отворената предистрага од страна на Финансиската полиција, соопшти СДСМ.

Од партијата велат дека пратеникот Јован Јаулески излажал дека во неговиот дом Финансиската полиција вршела претрес.

„ Како што јавно објави Финансиска полиција, претресот бил направен во стан на неговиот татко каде Јован Јаулески воопшто не живее. Во меѓувреме во медиумите се појавија документи кои покажуваат на која адреса живее Јован Јаулески, односно стан кој го плаќа Собранието, за којшто граѓаните плаќаат 330 евра месечно. Згора на се, Јаулески зема и патни трошоци!

Дали тоа што цело ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски веднаш се стави во заштита на криминал отвора сериозни сомнежи за дирекна поврзаност на оваа партија со скандалот останува да покаже истрагата“ додаваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Акција на Интерпол во 77 држави против криминал со моторни возила

M T

СДСМ: Мицкоски не се огради од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, ист како Груевски

M T

СДСМ: Правдата денес е достапна за секого, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се докажани заштитници на криминалот

M T

СДСМ: Ништо не го сокрива фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот, Владата, институциите градат ефикасен, независен и професионален судски систем

M T

СДСМ: Ниту една лага од белиот дворец не може да го покрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот

M T

Спасовски: Криминалот за една година го намаливме за 10,8 проценти

M T