4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе даде ли Мицкоски оставка за малтретирањето на народот за негови лични каприци?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека за остварување на неговите лични желби и стигнување на власт е подготвен да ја стави иднината на целата држава во ризик.

Денес во Собранието пропадна уште еден од неколкуте обиди и најави на Мицкоски за формирање на ново парламентарно мнозинство. Овој пат, тој направи непринципиелни коалиции и договори со партии и политичари кои ги критикуваше во минатото.

Во желбата за власт и моќ, Мицкоски се здружи со Зијадин Села од Алијанса за Албанците, за кого само пред неколку години викаше дека е човек кој македонскиот народ го множи со нула и не го признава македонскиот идентитет.

Само за стигнување до власта, Мицкоски ја стави во опасност и евроатлантската иднина на земјата, здружувајќи се со Левица – есктремистичка партија која е против членството на земајва во НАТО и е за целосна промена на геостратешката поставеност на државата. Тие се и против Договорот од Преспа, но и за воспоставување на стратешко партнерство со Кина.

Сепак, ваквиот обид на Мицкоски не помина во македонското Собрание, па се поставува прашањето дали е време тој конечно да се извини на македонскиот народ, за целото ово тормозење и да се повлече од политиката.