Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Детали за акцијата на Финансиска полиција: Дали преку профитабилна препродажба на нива се финансирала партија за изборите?

Препродажба на нива во Делчево, на која требало да се постават фотоволтаици на ЕВН, е во центарот на истрагата на Управата за финансиска полиција, која утринава изврши претрес во домот на таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, објави Фокус.

Како што дознава „Фокус“ од свои извори, фамозната нива била купена за цена од половина евро за квадрат, од страна неколку физички лица, кои пак потоа наводно ја продале на ЕВН за неверојатни 400 евра по квадрат. Според нашите сознанија во аферата се вмешани висок службеник вработен во ЕВН, син на градоначалник, како и близок соработник и пријател на политички лидер. Во случајот пак ЕВН, се појавува како оштетена странка.

Но, освен наводната измама, истрагата, според сознанијата на “Фокус”, допира и до нелегално финансирање на политичка партија за време на последните избори. Засега не ни е познато дали се обезбедени докази за нелегални трансакции кои ќе го потврдат овој сомнеж, пишува “Фокус”.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +