Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

По дебаклот опозицијата го крши Деловникот, Апасиев нема право на пауза, Зендели не смеел да ја даде

Потпретседателот на Собранието од редовите на БЕСА, Фадил Зендели, го прекрши собранискиот Деловник. Тој на барање на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, овозможи нова едночасовна пауза, по што собраниската седница повторно беше прекината.

Сепак, според Деловникот, поточно членот 81, седницата може да се прекине по барање на координатор или заменик координатор на пратеничка група, кој има право на едно барање на пауза од еден час. 

„Претседателот на Собранието ја прекинува седницата (пауза) по барање на координатор или заменик координатор на пратеничка група заради доставување стенографски забелешки од обраќање или образложение на предлагачот, дадено на почетокот на претресот по одделна точка од дневниот ред“, пишува во членот 81 од Деловникот за работа на Собранието.

Сепак, двата пратеника на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов не учествуваат во пратеничка група и настапуваат независно, па оттаму се преиспитува одлуката на заменик претседателот на Собранието, Фадил Зендели, да даде пауза на барање на пратеник, кој не е ниту координатор ниту заменик координатор на пратеничка група.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК