Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Режимот е жив: Со пурпена запечатен автомобилот на Јанчева – Досегашната прва советничка во Град Скопје остро кон Тимчо Муцунски

На досегашната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, утрово, својот автомобил паркиран пред зградата во која живее во населбата Аеродром и бил запечатен со пур пена.

По ваквиот инцидент Јанчева напиша статус на Фејсбук со кој му се обраќа на новиот градоначалник Тимчо Муцунски, посочувајќи му дека безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена.

Вака ли мои сограѓани во Европа. Со заплашување? Почнавте со чкртање…утрово ова? Ваквиот чин е одраз на немоќ, градоначалнику Тимчо Муцунски, безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена,наведува Јанчева на својот профил на Фејсбук.

Засега сторителот на ова дело останува непознат. Од фотографијата која Јанчева ја постави исто така на Фејсбук може да се види дека двете врати на автомобилот, како и хаубата се пополнети со пур пена, цврст материјал кој практично оневозможува да се отворат и вратрите и хаубата.

Ова не е прв инцидент од враќањето на режимот во Скопје. Вчера сопственик на галијата која требаше да отстранета од Вардар со пцовки и закани ги избрка повозрасните работници, што наиде на силен револт кај јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК