17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Љубица Јанчева: Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, се вратија и режимските методи, но нема никого да уплашат

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром:

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром, се вратија и режимските методи.

Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил.

Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот.

Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци.

Нема таму никаква промена, ова се истите методи од најцрното време на режимот.

Но ова истовремено го покажува очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Ваквото насилничко однесување нема да помине. Нема да ме уплашат ниту мене ниту кој било кој е на страната на демократските вредности, на страната на прогресивните сили.

Времето на закани, насилство и притисоци врз политички неистомисленици заврши со падот на режимот и тоа време нема да се врати.

Денес е време на одговорност и неселективно владеење на правото, лицата кои го сториле овој подмолен чин ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

Посебен сообраќаен режим во Охрид поради „Преспа форум дијалог 2022“

M T

Бајден: Не повикав на промена на режимот во Русија

M T

Шолц: Промената на режимот во Русија не е цел ниту на НАТО ниту на американскиот претседател

M T

Лукаревска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не потсетуваат како владееше нивниот режим

M T

Јанчева: Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема ниту еден свој

M T