5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Вакцината за ХПВ го намалува ризикот од рак на грлото на матката за речиси 90 проценти

Речиси сите видови на рак на грлото на матката се предизвикани од вируси, и се надеваме дека вакцинацијата речиси може да ја елиминира болеста

Вакцината против хуманиот папилома вирус или ХПВ ја намалува инциденцата на рак на грлото на матката за речиси 90 отсто, покажуваат првите податоци од истражувањата меѓу населението во Велика Британија.

Истражувачката, хуманитарна организација, Канцер ресрч УК, ги опиша резултатите како историски и рече дека тие покажуваат дека вакцината спасува животи.

Речиси сите карциноми на грлото на матката се предизвикани од вируси и се надеваме дека вакцинацијата речиси може да ја елиминира болеста.

Истражувачите рекоа дека успехот значи дека на оние кои биле вакцинирани може да им треба многу помалку тестови за брис од грлото на матката.

Девојчињата можат да ја примат вакцината на возраст од 11 до 13 години, во зависност од тоа каде живеат во Велика Британија. Од 2019 година вакцината може да ја примат и момчињата.

Студијата, објавена во медицинското списание Лансет, се осврнува на тоа што се случило откако вакцината била воведена за девојчиња во Англија во 2008 година.

Тие студенти пораснаа, и сега се млади жени во нивните 20-ти. Студијата покажала намалување и на преканцерозните израстоци и 87 отсто намалување на инциденцата на рак на грлото на матката.

„Влијанието на вакцината беше огромно“, рече професорот Питер Сасиени, еден од истражувачите на Кралскиот колеџ во Лондон.

Намалувањето на стапката на болеста беше малку помало кога постарите тинејџери беа имунизирани како дел од кампањата. Тоа е затоа што помалку постари тинејџери се одлучиле за вакцината и идеално би требало да се прими пред лицето да стане сексуално активно.

Севкупно, студијата проценува дека програмата за вакцина против ХПВ спречила околу 450 видови на рак и 17.200 преканцерозни состојби.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T