13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

Изборот на кафе открива СЕ ЗА КАРАКТЕРОТ!

За повеќето луѓе е речиси незамисливо денот да го започнат без барем една шолја кафе. Без разлика дали сакате домашни или инстант варијанти, вашиот омилен утрински пијалок може да открие многу за вашата личност.

Се разбира, намерата не е да навредиме некој, туку да се пошегуваме. Сепак, знаете како велат, во секоја шега, има малку вистина. Еве што кажува вашето омилено кафе за вашиот карактер:

Еспресо
Ова кафе е брзо и лесно, исто како вас. Не кружите, туку кажувате што мислите и правите како што сакате. Сакате да бидете одговорни и да ги критикувате другите за да им ги „отворите очите“. Никогаш не губите време ниту пак го посветувате на оние за кои не ви е гајле, не го трошите ни на кафе ни на озборувања.

Двојно еспресо
Вие сте тип на човек кој размислува логично. Многу сте практични, не сте подложни на промени во расположението. Сличен тип сте и вие како љубителите на еспресо, но кај вас овие квалитети се уште поизразени. Вредни сте, имате јасни, концизни идеи и го давате најдоброто што можете на работа.

Ристрето
Ристрето е всушност скратено еспресо, односно иста количина мелено кафе, но извлечено со пофино мелење со помалку вода. Сепак, како што велат баристите ширум светот, повеќето луѓе не можат да проценат дали се напиле еспресо или ристрето, односно не можат јасно да ја одредат разликата. Затоа се смета дека таквите луѓе најчесто се оние кои сакаат да се пофалат со „фенси“ изрази, а себеси се сметаат за крајно софистицирани личности, иако вистината е далеку од тоа.

Еспресо со млеко
Ако пиете кафе со млеко, може да имате проблем со донесување одлуки. По природа сте опуштени и како резултат на тоа, не сте загрижени за претерано анализирање на секоја одлука. Всушност, вашата природа е таква што многу размислувате и претпочитате вашата имагинација да ги разгледа сите опции на лежерен начин. Бидејќи пиете кафе со млеко, ја сакате удобноста. Вашето утринско кафе со млеко е само една од оние мали удобности што го прават животот навистина вреден.

Макијато
Станува збор за еспресо со „трошка“ млеко, а оние кои посебно уживаат во овој вид кафе се добро организирани, прават се и постигнуваат на време, сигурни и лојални. Сакаат да дозираат задоволства, но не претеруваат со нив.

Лате
Вие сте некој кој ужива во удобноста, но и некој кој сака да им угодува на луѓето. Исто како и вашето лате, сакате да ја ублажите „горчината на животот“. Опуштени сте, доверливи, реални, но имате проблеми со донесувањето одлуки. Уживате во едноставната удобност на животот. Можно е да поседувате мачка.

Капучино
Ако секогаш избирате капучино, тоа значи дека сте романтична и оптимистичка личност, со софистицирана природа. Вие сте креативни, имагинативни, сонливи, малку мистериозни. Проблемот е што вашите цели се краткорочни и брзо се откажувате од нив. Често сте нереални, не само кога ги анализирате другите, туку имате и погрешна слика за себе.

Ирско кафе
Баристите ширум светот се согласуваат – љубителите на ирското кафе, најмногу припаѓаат на „легендите“ кои оставаат големи бакшиши. Тие се гласни, интересни, директни. Сепак, знаат да претераат, а ако претераат уште малку со нарачување вакво кафе, можно е да имаат проблем со пиењето.

Инстант кафе
Ако спаѓате во оние луѓе кои сакаат да го тресат Нес или некој друг вид кафе од тој тип, најчесто припаѓате на оние кои немаат премногу време или трпение да приготват кафе, чекаат покрај шпорет додека врие и слично. . Од друга страна, се смета дека овој тип на личности не се претерано вредни, туку тие се амбициозни и сакаат да ги постигнат своите цели без премногу труд. Секогаш играат во тим, не се соло играчи, токму затоа што во соло верзијата до израз би дошле маани и мрзеливост. Сепак, тие се сакани во друштвото, бидејќи се многу забавни и весели. И што е најважно – тие секогаш имаат време за кафе.

Домашно (турско) кафе
Овие луѓе немаат време за „нес, макијато и други глупости, оти тоа не е кафе“. И знаат – домашно, малку појако, со шеќер или без, па релаксирано. Сакаат да го „растегнуваат“ тоа утринско кафе повеќе од се, уживаат, па не треба да ги вознемирувате додека не ја завршат првата шолја.
Нема заебанции со нив, знаат што, кога и каде сакаат и може да се каже дека се многу одвоени луѓе.

Бело кафе
Дали сè уште сакате бело кафе? Па, може да се каже дека сте големо дете. Од една страна, можно е да се работи за личност која е многу приврзана за семејството, а од друга страна, Петар Пан кој не сака да порасне.
Уживате да јадете чоколадни колачиња со вашето бело кафе или дури и да ставите неколку коцки чоколадо во него. Сè на сè, вие сте многу приемчива личност.

Ледено кафе и фрапучино
Откако кај нас се појавија различни видови кафе и мока, особено со различни преливи, се истакнаа оние кои прво треба да ги нарачаат, пробаат и сликаат…
Во повеќето случаи, ваквите луѓе се во чекор со трендовите и сакаат да пробуваат нови работи. Често се многу креативни, но можат да бидат и површни.

Филтер кафе
Иако овој вид на пијалоци со кофеин кај нас сè уште не е толку популарен како во Америка, на пример, луѓето кои вака го започнуваат денот спаѓаат во типот на луѓе кои сакаат се да биде под контрола. Вие сте многу сигурни и лојални и секогаш може да ви се верува. Исто така, никој не зборува лошо за вас и луѓето, поради вашите карактерни особини, навистина ве ценат.
Меѓутоа, ако имате пријател кој сака да пие фрапучино, нема да ви биде лесно да ги следите неговите нагли идеи, но сепак дел од тоа ќе го направите против ваша волја – и верувајте, на крајот одлично ќе си поминете.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кои се придобивките од пиењето кафе: омилениот пијалок на многу луѓе може да го намали ризикот од дијабетес

CENTAR MKD

ШОК СТУДИЈА КОЈА ОТКРИВА ДЕКА ИМАТЕ ПСИХОПАТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ! Ако пиете вакво кафе, луѓето треба да се пазат од вас

M T

Несакани ефекти од пиењето црно кафе: Еве до што може да доведе прекумерното внесување на кофеин

M T

Еве која храна го подобрува расположението и колку кафе треба да пиеме

M T

АЛТЕРНАТИВИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ПРОБААТ – Овие неколку намирници ќе ве разбудат подобро од кафето наутро

M T

Не го фрлајте КАФЕТО! – Искористете го за да ги исчистите ОВИЕ ПЕТ РАБОТИ во вашата кујна

M T