Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Работиме на тоа што помалку наши граѓани правдата да ја бараат во Стразбур

Министерот за правда Бојан Маричиќ на прес-конференција со претседателот на Европскиот суд за човекови правда Роберт Спано и Билјана Брајтвејт – Програмски директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот, кажа дека соработката на државата со судот во Стразбур е од исклучително голема значење. Според Маричиќ, добрата соработка ќе значи намалување на бројот на апликации од Северна Македонија во ЕСЧП.

– Од име на Владата во септември го потпишав и Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, кој претставува еден важен документ со коj се унапредува соработката на домашните судови со Европскиот суд за човекови права. Со тоа како Влада ја потврдивме безрезервната определба да ги спроведуваме стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права.

Со овој Протокол се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд за човекови права да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи или нејзините протоколи. Ратификација на овој протокол се надевам дека ќе се случи наскоро, потенцираше Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +