12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за две лица за измама и лажно претставување

На 04.11.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во координација со Одделот за криминалистичка полиција (ОКП) до ОЈО Скопје, поднесоа кривична пријава против М.М.(32) и В.С.(31). Против М.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, а против В.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик.

Имено, првопријавениот М.М. во текот на 2020 и 2021 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пред оштетените лица лажно презентирал факти дека наводно поседувал информации според кои ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица. Притоа, за да го увери во вистинитоста на своите тврдења, на еден од наводно осомничените во таа постапка му прикажал Наредба со невистинита содржина, која ја изработил на својот приватен компјутер, за наводно отварање на предистражна постапка од страна на ОЈО за ГОКК, со што го довел во заблуда оштетеното лице. Тој од него побарал парична награда од 75.000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката. М.М. служејќи се со лаги и манипулации го навел оштетениот да му даде 5.000 ЕУР кои ги зел на 03.11.2021 на нивна средба во угостителски објект во Скопје со што го сторил кривичното дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.

Второпријавениот В.С., со намера првопријавениот да прибави противправна имотна корист, на средба која се одржала помеѓу пријавените и оштетениот, лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање, а воедно и истражител во ОЈО за ГОКК, со што му овозможил на првопријавениот да го доведе во заблуда оштетениот дека М.М. има конекции, преку кои можел да издејствува да биде затворена наводната предистражна постапка, со што го сторил кривичното дело „Лажно претставување“, предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против лице од Скопје за загрозување на животната средина и природата со отпад

M T

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

M T

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

M T

Кривична пријава за скопјанец, фалсификувал сообраќајна дозвола

M T

Кривична пријава за охриѓанка поради измама

M T

Расчистена кражба во Скопје, следува кривична пријава

M T