2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИККУЈНАИЗБОР

Внимавајте во што ги чувате остатоците од храната, никогаш не ја завиткувајте вака

Остатокот од храната, после јадење, треба да се завитка во нешто, да се складира, но алуминиумската фолија која често се користи не е најдобриот избор.

Кога сè уште жешкото јадење ќе го покриете со алуминиумска фолија, разни бактерии почнуваат брзо да растат и се размножуваат бидејќи навлегува премногу воздух.

Линдзи Мелоун, експерт за храна од Клиниката во Кливленд, вели дека храната треба да се чува во контејнери кои можат добро да се затворат за да не излегува воздухот, а со тоа и бактериите. Исто така, треба да се чува само кога целосно ќе се излади – дотогаш оставете го во тенџерето или тавата во која сте готвеле.

Откако ќе се излади, треба да се чува во фрижидер и да не се остава на собна температура – ова особено важи за месото и млечните производи.

Секоја храна која стоела на собна температура повеќе од неколку часа, по правило треба да се фрли бидејќи бактериите безбедно се формирале и повеќе не се безбедни за јадење.

Можеби ќе ве интересира

Август носи финансиски изненадувања за три хороскопски знаци: Проверете дали сте меѓу нив

ДЕСК

Финансиски хороскоп за август 2025 – дали сте еден од среќните хороскопски знаци?

ДЕСК

Дневен хороскоп за 2-ри август 2025

ДЕСК