WhatsApp потврди дека некои телефони со Android ќе изгубат пристап до оваа популарна услуга за пораките од 1 ноември 2021 година или од следниот понеделник.
Ова се однесува на уреди со Android 4.0.4 или понова верзија. Откако Android 4.1 беше објавен во јули 2012 година, повеќето паметни телефони ја имаат поновата верзија.
Лошата вест се однесува на оние кои користат стари паметни телефони чии оперативни системи не можат да се надградат. Ако не сте сигурни која верзија ја користите, ова може да се провери со одење во Settings, а потоа во опцијата System i About.
Ако имате верзија 4.0.4 или постара и не се нуди опција за надградба, единствената опција да продолжите да го користите WhatsApp е да купите нов паметен телефон.
Ова се неколку модели на мобилни телефони на кои апликацијата нема да работи, а тие се:
Samsung: Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy SII, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core и Galaxy Ace 2.
LG: Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact , Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD and 4X HD i Optimus F3Q.
ZTE: Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 i Grand Memo.
Huawei: Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S i Ascend D2.
Sony: Xperia Miro, Sony Xperia Neo L i Xperia Arc S.
Alcatel: One Touch Evo 7