4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

5 причини зошто ТОЈ не ви се јавува после состанокот

Тоа пак се случува… Упорно чекаш да ти се јави, но таков повик нема. Потоа, се разбира, се прашуваш зошто е тоа така.

Одговорите може да бидат различни. Еве некои од најверојатните:

Тој не сака да се однесува како очаен човек

Не се само дамите кои се преправаат дека се недостапни – некои мажи го прават тоа исто така.

Тие не сакаат да се однесуваат како очајни луѓе, како да излегуваат со сите што им го дале телефонскиот број, како да немаат што друго да прават освен веднаш да се јават на девојката/жената што ја запознале неодамна (не е важно тоа што да ве повикаат е она што најмногу сакаат да прават, ќе одолговлекуваат за да не ги сметате за очајни).

Преплавен е со обврски

Ова понекогаш е слаб изговор, бидејќи вообичаено е можно да поминат најмалку триесет секунди за да испратите порака дека сте во толпа и дека ќе одговорите кога толпата малку ќе се смири.

Меѓутоа, кога некој да биде толку преокупиран со обврски, понекогаш во комбинација со приватни проблеми, можно е да не се сети да се јави и да го направи тоа дури кога е предоцна – а следниот ден да започне нова тура на обврски и проблеми.

Се разбира, ниту тоа нема да трае вечно, па тој ќе се јави во одреден момент, само не толку брзо колку што сакате.

Се држи за правилото дека треба да почека со повикот

Постои едно непишано правило дека треба да почекате ден, два, три, пред да се јавите. За да ја задржите таа личност во исчекување. Тоа правило не е обврска, но сепак има и такви кои го следат.

Тој не сака да ги избрзува работите

Честите повици се прилично сигурен знак дека сте во врска. Ако се уште не е сигурен дека сака врска со тебе, убаво му било кога те видел, но не е сигурен колку навистина сака да влезе во тоа, може да почека малку со повикот додека не се разјасни со себе што е она што сака..

И тоа во суштина е фер и кон тебе – подобро така, отколку нагло да почне, а потоа наеднаш да се предомисли кога ќе сфати дека премногу брзал и дека навистина не сакал .

Тој навистина не е заинтересиран

Тоа е најчеста причина поради која не се јавува. Не му беше лошо со тебе, колку што зборувавте (или што веќе се случуваше меѓу вас), но ништо повеќе не го интересира, па потоа не се јавува. Во таа ситуација, останува да го издржите ударот што ова му го зададе на вашето его и да продолжите со животот.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

M T

Втор состанок на групата за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација

M T

Вицепремиерката Грковска ќе учествува на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“, што се одржува во Виена

M T