Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шилегов: Паднаа маските, а не мнозинството во советот

Маските паднаа, а не мнозинството во Советот на Град Скопје, смета кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, по вчерашната објава на опозицискиот блок дека советниците на Левица, Алијанса и Алтернатива се приклучиле на оние од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

– ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат коалиција меѓу себе, но не и мнозинство. И тоа е добро, конечно го покажаа вистинското лице, а приказната на Левица се руши како кула од карти. Таа партија е само приврзок на ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе. Нивната наводна борба за правда, правдина, човекови права е само лоша маска која падна и граѓаните конечно може јасно да видат кои се вистинските мотиви за нивното делување. Тоа би требало да се вика коалиција на „големата лага“ која, за среќа, нема да може да направи мнозинство и тоа веќе е демантирано вчера од Гаши, вели Шилегов за Независен весник.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес од 3.1 степени почуствуван во југозападна Македонија, епицентарот близу Корча во Албанија

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите со нови најави за следните 4 дена

ДЕСК

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани (фото,видео)

ДЕСК