22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МОЗАИКЗДРАВЈЕИЗБОР

Еве ги најштетните намирници: Ако се јадат често може да создадат хаос низ телото

Научниците од Универзитетот Тафтс направија табела со најштетните намирници. Тие анализирале вкупно 8.032 производи, а на самиот врв биле овие три.

Инстант тестенини (нудли), чоколаден пудинг и чипс. Овие три намирници содржат многу хемикалии, адитиви, многу сол, вештачки засилувачи на вкус и масти.
Убедливо најштетната храна меѓу нив е чипсот.

Чипсовите се полни со празни калории и најштетни јаглехидрати, а се пржат и во длабоко масло.

„Покрај големи количини на најлошите јаглехидрати, консумирате и огромни количини на масти и сол со чипс“, вели нутриционистот Лиза Ричардс. Заситените масти и солите од чипсот придонесуваат за развој на срцеви заболувања, а со редовно консумирање видливо ќе се здебелите.

Секоја храна што ја јадеме има одредено влијание врз здравјето на нашите органи и на целиот организам, па затоа е важно секогаш да избираме органска и свежа храна од природно потекло, и да го намалуваме внесот на грицки, слатки и инстант јадења кои содржат хемикалии.

Од друга страна, постојат намирници кои се мелем за нашето здравје. На самиот врв на листата се најдоа малините и бадемите.

Освен што се вкусни, малините се исклучително здраво и хранливо овошје, а имаат и бројни лековити својства. Содржат витамин Ц, па само една порција од 100гр малини содржи 25-35% од дневната вредност на витамин Ц. Малините се исто така моќни антиоксиданси и содржат витамини Б, Е и К и минерали калиум, магнезиум, манган, бакар. Ги чисти крвните садови, позитивно влијае на метаболизмот и нивото на шеќер во крвта, одлични се за имунитетот, а чајот од малина особено се препорачува за настинки.

Втори на листата на најкорисни намирници се солените бадеми кои содржат витамини, протеини, влакна, калциум, калиум и рибофлавин. Содржи и масти кои се здрави и позитивно влијаат на здравјето на срцето, го регулираат нивото на холестерол, се одличен извор на протеини, позитивно делуваат на цревната флора и убавината на кожата и косата.

Можеби ќе ве интересира

Поранешна продавачка открива: „Овие производи и не се толку свежи“

M T

Експерти за нега на кожата: Купувањето на овие осум производи е само фрлање пари

M T