Времето утре по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со слаб јужен ветер.
Во недела Наутро по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со слаб југоисточен ветер.
До понеделник ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник.
Прогноза за 01.11.2021
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а попладне со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе биде ветровито и во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Прогноза за 02.11.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Наутро со појава на магла и ниска облачност и врнежи од дожд кои до крајот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен претежно југоисточен ветер.
Прогноза за 03.11.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 19°C