Centar.mk
СВЕТ

Зеленски: Русија планира напади врз украинските системи за водоснабдување

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвува операција насочена кон украинските системи за водоснабдување во наредните месеци. Во своето вечерно обраќање, тој предупреди дека секоја локална заедница мора исклучително сериозно да ја сфати заштитата на клучните објекти, објави Украинска правда.

„Исто така, знаеме дека Русите подготвуваат операција против системите за водоснабдување во наредните месеци. Секоја заедница мора сериозно и со целосна одговорност да ја сфати заштитата на релевантните објекти“, рече Зеленски.

Во среда, Зеленски одржа состанок со претставници на сите региони погодени од руските напади. Посебно внимание беше посветено на Черниховската област, каде што се работеше на враќање на снабдувањето со електрична енергија во текот на денот.

Украинскиот претседател, исто така, нареди зајакнување на воздушната одбрана во западните делови на земјата. „Им наложив на владините претставници и на тимот на Кабинетот на претседателот да работат заедно со војската по прашања поврзани со воздушната одбрана – особено, заштитата од беспилотни летала – во западните региони на Украина. Мора да ги зајакнеме одбранбените линии, ова е јасна задача“, рече тој.

Додаде дека разговарал и за клучните задачи со премиерот, директорот на најголемата национална нафтена и гасна компанија „Нафтогас“, други владини претставници и министерот за одбрана.

„Воздухопловните сили и вооружените сили на Украина исто така имаат свои задачи“, заклучи Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК