24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анализа: Од Данела Арсовска ќе слушнете сѐ, само одговор на прашање – не

Недозволување на новинарски прашања, избегнување на ненарачани прашања и бегање од секаков вид на предизборно јавно соочување на противкандидатите ја одбележаа кампањата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Со дрзок и арогантен однос кон новинарите и јавноста Арсовска во тектот на кампањата одби да даде одговор за сите скандали кои ја опкружуваат, а не одговараше ни на прашања за тоа како ќе ги спроведе дел од проектите кои ги ветува во кампањата.

Нејзината аргонација и уверување дека таа е над народот и дека жителите на Скопје се должни да ја изгласаат најдобро се покажа од односот кон новнарите, а со самото тоа и кон граѓаните, со нејзиниот став дека нема што таа да се објаснува пред медиумите. При тоа заборава дека со одговорите за новинарите таа одговара на граѓаните.

Иако едно од нејзините ветувања во програмата за градоначалник е дека на граѓаните кои бараат услуга од градот ќе им се одговара во рок од 24 до 72 часа, сепак очигледно тоа не важи и за прашањата поврзани за останатите проекти и скандалите за Арсовска, кои беа објавувани од СДСМ.

Надменоста на Арсовска се покажа уште со првата нејзина прес-конференција со која ја започна кампањата. Со доцнење од дваесетина минути, таа наброи дел од проектите од нејзината програма и не дозволи поставувања на новинарски прашања, што наиде на чудење кај присутните новинари. Како во стилот на ВМРО ДПМНЕ кое не дозволуваше прашања кога ќе проценеше дека ќе има незгодни новинари.

Ваквиот однос продолжи и во текот на кампањата, Арсовска наместо да даде директен одговор на новинарските прашања во врска со обвинувањата од СДСМ, дека нејзините компании направиле долг од 54 илјади евра за електрична енергија или за нејзиното бугарско државјанство, таа ги избегнуваше истите со закани за тужби.

На директното новинарско прашање дали ја има менаџирано спортската сала „Расадик“, каде што е направен долгот од 54 илјади евра Арсовска одговори:

„ Немам намера на два дена пред завршувањето на овие избори да се објаснувам со луѓе кои бесрамно лажат за да го скријат својот срам“ одговори Арсовска на прашањето.

Слично продолжи Арсовска и на следната прес-конференција, кога новинарите повторно го поставија истото прашања, таа само кажа дека веќе одговорила на ова и одби да ги потврди или демантира тврдењата дека како менаџер на салата „Расадник“ собрала долг за електрична енергија.

Во слична насока, но со понервозен тон беа одговорите на Арсовска и за обвинувањето за нејзино бугарско државјанство, скандало кој го објави СДСМ. Откако од владејачката партија обвинија дека Арсовска и нејзиното семејство веќе 10 години имаат бугарско државјанство, таа одби директно да демантира.

„Тоа што актуелната власт и градоначалникот ми го прават мене ги поминува сите граници на нормалното и не доликува за една демократска земја“ одговори Арсовска запрашана за бугарското државјанство.

Сепак, освен за скандалите, Арсовска во текот на кампањата не одговараше ниту на прашања поврзани со нејзината програма за Скопје. Таа никогаш не одговори каде ќе бидат изградени нејзините толку ветувани пет „мега паркови“ во Скопје.

„Тие ќе бидат површини кои што… јас имав прилика да разговарам со луѓето кои ќе бидат дел од идната локална власт во општините во градот Скопје и токму на оние места каде што заеднички разговаравме и дискутиравме дека има просторни можности, таму да се направат и да бидат сместени. Меѓутоа и не само на тие локации “, збунето одговори Арсовска на новинарско прашање.

Арсовска исто така никогаш не даде одговр ниту на прашањето колку пари ќе чини набавката на новите 250 еко-автобуси кои ги ветува, ниту за тоа дали има финансиска конструкција за оваа набавка. Ова прашање е важно, бидејќи освен набавката на нови еколошки автобуси, таа вети и целосно бесплатен јавен превоз во Скопје, што е неможно да се спроведе.

Сите овие игнорирања на новинарите ја доведоа под сомнеж нејзината квалификација за градоначалник. Таа може да се смета за најпаметна, ама во очите на медиумите и јавноста остана како кандидатка која бега од вистината затоа што одбивањето да одговори на директно поставено прашање е предизвикано или од ароганција или од незнаење, што е штетно за функцијата која сака да ја извршува.

Очигледно е дека токму поради немањето на одговори за скандалите и обвинувањата од опонентите, но и за самата нејзина програма, таа освен што ги избегнуваше новинарските прашања, Арсовска одби и да излезе на дуел со нејзниот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов. Со ваквото однесување Арсовска потсети на времето на режимот, кога до пред само 5 години државните функционери одбегнуваа директно соочување и поставување на „незгодни“ прашања.

Веројатно свесна дека проектите кои ги ветува не се засновани на сериозни анализи и на реалноста, туку се само список на желби, таа не може да излезе и директно да ги соочи со противкандидатот.

Како Арсовска планира да го води Скопје кога уште од сега непријателски се однесува кон новинарите и граѓаните? Погодувате, нема одговор и на ова…