11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Жестока реакција на СДСМ Куманово, откако Димитриевски јавно беше поддржан од ВМРО ДПМНЕ – Градоначалникот во заминување склучи пакт со ѓаволот за одбрана на личните интереси, на профитерството, на корупцијата, на криминалот…

Соопштение на СДСМ Куманово:

Од поднесување “независна кандидатура” до зависноста од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Максимата “јас сум социјалдемократ во срце и душа” се разводени и доби ново име “јас ќе бидам тој кој ќе го врати режимот во Куманово”.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за Тони Михајловски, треба да им биде јасна причината за пораз на нивниот кандидат. Токму врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово имаше таен договор со Димитриевски, да спечалат неколку директорски места по јавните претпријатија, Водовод, Чистота и Пазариште, да се офајдат неколкумина, а за возврат, по принцип на пазар, да биде продаден гласот на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска договорот го официјализираа со печат од Будимпешта.

Затоа, сакаме да го запрашаме Димитриевски – Дали господине Димитриевски чувствувате гадење што си подадовте рака вие и оние кои за малку не ве убија вас, Зијадин Села и Зоран Заев во Собранието? Дали заборавивте на тој 27 април, а ако не сте заборавиле, дали вашиот договор значи дека и вие барате амнестија за осудените на 27 април, дали заедно со советничката од ВМРО-ДПМНЕ Елена Божиновска Доцевска сега заедно ќе правите нереди и ќе организирате насилства? Дали ќе ги влечете Ромите за уши заедно со вашите нови пријатели? Дали и вие Димитриевски ќе се претворите во Ќосето и ќе сечете глави, на социјалдемократите, на албанците? Димитриевски, кој е вашиот газда сега, Мицковски и Груевски? Дали Будимпешта ви ја спонзорираше најскапата кампања во изборната историја на државата?

Господине Димитриевски, тоа што ве одби СДСМ да бидете министер за одбрана, тогаш по нечии инструкции почнавте да си ги премачкувате партиските бои. Тоа го знаат сите чесни социјалдемократи, вашата жед за моќ, за статус, за привилегии. Дури сега на изборите ја облековте униформата на ВМРО-ДПМНЕ црвено-црна, конечно ја покажувате вашата униформирана лојалност кон каузата на луѓето кои се болни за власт.

Од позиција на Градоначалник кој треба да ги подобрува условите на граѓаните, да оддржува улици, канализација итн, вие станавте наеднаш експерт по историја и надворешна политика, професор доктор епидемиолог, калиф уместо калифа, се со цел да кулминира вашето 007 работење во редовите на СДСМ за локалните избори.

И уште ова да ве потсетиме – да не заборавите дека туѓите перја со кои се китите со тек на време ќе отпаднат и народот ќе види дека царот е еден обичен голтар.
На 31ви ве чека казната од народот! Кумановци секогаш знаеле да ги казнат предавниците! Како што ги казнивме во 2013 така и вие Димитриевски ќе бидете казнети, Куманово ќе продолжи да се развива, а вие ќе одговарате за секој криминал!, се вели во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: