9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Колозова со поддршка на Шилегов: „Лајка“ е стационарот за каков се борев цел живот

Во својот фејсбук статус, професорката Катерина Колозова, истакната активистка за правата на животните, му дава поддршка на Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, иако гласала за градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров и ги поддржала ЗХГ во првиот круг за Град Скопје:

„Сега дознав дека Даниела се викала Данела, кандидатката за градоначалник на Скопје. Пази ни името не сум и’ го запамтила. Вака, може да ме наречете пак прикриена СДСМ-овка, но фактите се следниве: дадов потпис за ЗХГ, и за цело време ги поддржував, на општинско ниво за градоначалник го поддржав кандидатот на ВМРО, но на ниво на Град Скопје, извинете, не можам Данела да ја поддржам.“

За Колозова, клучната причина за поддршка на Шилегов е „ЈП Лајка“: „Доволна ми е една причина – најголемата енергија како активист што сум ја вложила од моја 19 годишна возраст е таа за правата на животните, а ЈП Лајка е стационарот за каков се борев цел живот. Да, направен со доцнење, да – не стерилизираа две години, НО конечно, еве, го има во формата во каква сите ние што крв плукавме во битки за овие прашања од 1992 до денес сакавме да го видиме.“

Според Колозова, со јавните изјави Арсовска покажува дека нема поим дека “Лајка” постои и што точно прави: „Е сега, Данела дава изјава пред некоја недела која покажува дека нема поим дека “Лајка” постои и што точно прави. Второ, го памтам Вардариште од ВМРОвска ера. Значи, само ова ми е доволно во втор круг да гласам за Шилегов (пошто Ана од ЗХГ не можам). И вака, активистите се во право кога викаат дека “Лајка” може и подобро, но со Данела “Лајка” само на полошо ќе оди, а не па уште и да координира општински стационари да се отвараат.“

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Финасиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

МТСП: Во тек етапната исплата на априлските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

M T

ДПС со поддршка на малцинската влада, Ѓукановиќ : Поголемиот дел од условите се исполнети

M T