22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Работна средба на министерот Спасовски со директорoт на Агенцијата за обуки за спроведување на законот на Европската Унија – ЦЕПОЛ , д-р Шредер

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со делегација на Агенцијата за обуки за спроведување на законот на Европската Унија (ЦЕПОЛ) предводена од директорот д-р Детлеф Шредер, на која покрај министерот Спасовски учествуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошник министерот во Центарот за обука Гоце Бачанов.

Министерот Спасовски ја истакна успешната соработка што Министерството за внатрешни работи ја има со Агенцијата за обуки за спроведување на законот на Европската Унија – ЦЕПОЛ, при што главен фокус беше ставен на регионалниот проект „Партнерство против криминалот и тероризмот во Западен Балкан“, кој во моментов се имплементира во рамките на министерството.

На средбата се разговараше и за можноста за дополнителна соработка во областите на заедничко делување, пред сѐ во делот на поддршката од страна на ЕУ – ЦЕПОЛ во борбата против организираниот криминал и борбата против тероризмот, преку обезбедување можности за надградба на капацитетите во областа на спроведување на законот, преземање на конкретни мерки за зајакнување на капацитетите преку обуки на службите во Северна Македонија и зајакнување на соработката помеѓу партнерите од Северна Македонија на полето на развојот и имплементацијата на обуки за агенциите. За таа цел од двете страни беше изразена заложба во наредниот период да се потпише подготвениот План за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ЦЕПОЛ, кој ќе биде од големо значење за министерството и врз основа на кој ќе се обезбеди потребната специјализирана обука за службениците.

Директорот на Агенцијата на Европската Унија – ЦЕПОЛ во оваа пригода се заблагодари на континуираната соработка со Министерството за внатрешни работи со уверување дека остануваат посветен партнер на Република Северна Македонија во насока на зголемувањето на стандардите за професионалност, како на поединците, така и на институциите во целина.

Министерот Спасовски изрази уверување дека соработката и во иднина ќе продолжи со несмален интензитет, со цел зголемување на нивото на професионалност помеѓу преставниците на агенциите за спроведување на законот и пренесување на најдобрите практики од областа на безбедноста во Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T