5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Постапуваме по насоката што ја дадоа граѓаните – Да се обединиме, државата може да оди напред само ако и Скопје влече напред

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите, да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“. Заев рече дека може понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.

Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ, бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, Шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.

„Нема напредок ако Скопје влече назад. 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми, туку избор за тоа каде оди државата. Може да иде државата напред ако државата има нови галии, врби и нов кичерај? Може државата напред ако Скопје оди напред. Да се обединиме и гласаме, за власт која обединува и влече напред“, додаде тој.

-Не можам да водам влада напред, ако првите луѓе на градовите и селата враќаат назад, рече Заев, во одговор на прашањето како ќе продолжат по 31 октомври доколку СДСМ и коалицијата не ја добијт подддршката што ја очекуваат.

Заев упати благодарност до сите коалициони партнери кои денеска го изразија својот став и кажаа дека остануваат со коалицијата предводена од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК